Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард ноќеска го одигра својот 10. натпревар во кариерата со постигнати 50 или повеќе поени. Тој стана десеттиот играч во историјата на лигата според оваа статистичка категорија.

Претходно тоа им успеало на: Вилт Чембрлен (118 натпревари со 50+ поени) Мајкл Џордан (31 Коби Брајант (25) Џејмс Харден (23) Елџин Бејлор (17) Рик Бери (14) Леброн Џејмс (12) Ален Ајверсон (11) Карим-Абдул Џабар (10).

Во регуларниот сезонски натпревар со Филаделфија (124:121), Лилард постигна 51 поен (16 од 28 шутеви од поле) и оствари седум асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 13:53