Сите во тимот на Хјустон рокетс се надеваат на враќањето во составот на Расел Вестбрук и Ерик Гордон за утрешниот натпревар со Сан Антонио. Ова го соопшти тренерот на „ракетите“ Мајк Д’Антони.

Вестбрук ги пропушти последните две средби поради повреда на бутен мускул.

Гордон имаше проблеми со стапалото. Тој се повреди на контролен меч пред рестартирањето и оттогаш закрепнува.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 15:45