Плејмејкерот на Филаделфија, Бен Симонс, беше подложен на операција за отстранување на фрагменти од оштетена ‘рскавица на левото колено, објави инсајдерот на ЕСПН Адријан Војнаровски.

Според новинарот, 24-годишниот Австралијанец ќе остане во Филаделфија, каде ќе помине низ рехабилитација. Пријавено е дека играчот ќе го пропушти остатокот од сезоната 2019/20 во НБА лигата.

Симонс во тековната сезона имаше просек од 16,4 поени, 8, асистенции и 7,8 скокови по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2020 12:48