Деветтото издание на „Фајнал 4“ на СЕХА – Гаспром лига ќе се одржи во хрватски Задар, од 4 до 6 септември 2020 година. СЦ Вишњик ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи. Настанот ќе се одржи според сите епидемиолошки упатства и мерки.
Како увертира пред „Ф4“, ќе се одиграат два преостанати четвртфинални натпревари. Првиот натпревар Телеком Веспрем и Војводина ќе го одиграат во вторник, 25 август, додека вториот натпревар помеѓу Вардар и Нексе ќе се одигра во сабота, 29 август.
Првите две места на „Ф4“ веќе ги обезбедија ППД Загреб и Мешков Брест.
Дополнителни информации во врска со распоредот на натпреварите ќе бидат објавени наскоро.