Портланд забележа значаен триумф над Далас со 134:131 (38:31, 28:27, 32:37, 36:36), во обидот да избори пласман во плејофот од НБА лигата. Најзаслужен за победата на „Блејзерс“ е Дамјан Лилард кој уфрли 61 поен.
Тој стана шестиот играч во историјата на НБА кој постигнал 60+ поени на натпревар три или повеќе пати во својата кариера.
Портланд, со 34 победи на 73 натпревари, е осми во Западната конференција, додека Далас е за едно место погоре со 43 победи на 74 натпревари.
На другите два натпревара играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати:
Сакраменто – Њу Орлеанс 112:106 Вашингтон – Милвоки 113:126.