Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, повторно е повреден. Според „NBC Sports“, 26-годишниот Камерунец ноќеска се здобил со повреда на десната рака на дуелот од НБА лигата против Торонто (121:125).

Три дена порано, Ембид претрпе повреда на глуждот за време на натпреварот со Портланд и поради тоа пропушти еден меч.

Од Филаделфија уверуваат дека новата повреда на Ембид не е сериозна и кошаркарот ќе може да закрепне без операција.

Во првото коло од плеј-офот на Истокот во НБА лигата, Филаделфија ќе се соочи со Бостон.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2020 12:05