Sвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден го коментираше отсуството на неговиот соиграч Расел Вестбрук.

Плејмејкерот „Рокетс“ се опоравува од растегнување на квадрицепсот и ќе ги пропушти првите неколку натпревари од плеј-оф серијата со Оклахома.

Харден истакна дека отсуството на Рас нема да го промени начинот на кој игра, но тоа сигурно ќе влијае на перформансите на тимот.

– За мене, ништо не се менува, без разлика кој е на паркетот, мојата агресивна игра останува непроменета. Она што ќе ни недостасува е неговата можност да се пробие кон кошот, да ја повлекува на себе одбраната и да создава шанси за нашиот тим. Ние сме навистина опасен тим, кога немаме проблеми со повреди, изјави „брадата“ за „Атлетик“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2020 17:03