Крилниот напаѓач на Портланд, Кармело Ентони го пофали својот соиграч Демијан Лилард.
Мело се натпреваруваше рамо до рамо со играчи како Алан Ајверсон, Крис Пол, Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Пол Џорџ, но тој вели дека никој од нив не е близу до нивото на бекот.
– Демијан е најдобриот играч со кој сум играл. Никогаш не сум бил соиграч со толку влијателен играч кој знае да го крене тимот, тој е неверојатен лидер. Играв со многу одлични кошаркари, но тој е на врвот на мојот список бидејќи може да има позитивно влијание и на неговата игра и на неговите соиграчи, изјави Ентони за „Јаху Спортс“ по победата на Портланд над Мемфис минатата вечер со 126: 122 и пласманот на „пионерите“ во плеј-офот.