Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, зборуваше пред плеј-офот на најсилната лига во светот.
Неговиот тим ја заврши регуларната сезона како прва на Истокот со резултат 56-17.
Сепак, тие не изгледаа најдобро во „меурот“ и забележаа само три триумфи на осум натпревари.
– Всушност, не бевме навистина свои, не бевме препознатливи. На моменти игравме добра кошарка, игравме како тим, се браневме, но за да го освоиме шампионскиот прстен, треба да го правиме тоа постојано, а не повремено, рече Адетокумбо.
Милвоки ќе го одигра својот прв натпревар во плеј-офот против Орландо во вторник.
– Сега е сè во минатото, време е за плеј-офот. Ако сите работиме за иста ел и сме фокусирани на тоа, верувам дека можеме да играме многу подобро, додаде тој.