Во првиот натпревар од првото коло во разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата, Денвер ја совлада Јута со 135:125 (31:25; 28:27; 19:31; 37:32 и 20:10)

Најпродуктивниот играч на првиот меч од осминафиналето во плејофот беше кошаркарот на Јута, Донован Мичел, кој постигна 57 поени, но и тоа не беше доволно „џезерите“ да го избегнат поразот.

Во победничкиот тим се истакнаа Мареј со 36 поени и девет асистенции и Никола Јокиќ со 29 поени и 10 скока.

Вечерва уште играат: Торонто – Бруклин Бостон – Филаделфија и ЛА клиперс – Далас.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 00:23