Портланд го совлада Лос Анџелес лекерс со 100:93 во првото коло од плеј-офот во НБА. Херој во победничкиот тим беше Демијан Лилард со 34 поени.

Во серијата прв до четири победи, Портланд кој во последен момент избори плејоф, поведе со 1:0 против првопласираниот тим на Западот по регуларниот дел од сезоната.

Следниот натпревар ќе се игра на 21 август.

На другите три натпревари одиграни ноќеска: Милвоки – Орландо 110:122 Индијана – Мајами 101:113 Хјустон – Оклахома 123:108.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 10:43