Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман изрази задоволство од започнувањето на соработката со каталонскиот клуб.

– Секој знае дека Барселона е мојот клуб од соништата. Можноста да работам во овој клуб кај мене предизвикува посебни чувства, изјави Куман.

Тој ја коментираше својата оставка како селектор на холандската репрезентација.

– За мене беше чест да работам со репрезентацијата на Холандија. Во текот на изминатите две и пол години, се обидов да направам сè што е во моја моќ за да постигнам успех со тимот. Гледам со гордост на нашите заеднички достигнувања. Овој тим има одлична иднина, сигурен сум, додаде Куман



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 14:30