Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ оствари историски резултат во НБА лигата. Словенецот ноќеска во вториот меч од 1. коло од плеј-офот против Клиперси постигна 28 поени и со вкупно 70 стана најпродуктивниот играч во првите два плејоф дуела во историјата на НБА.

Досега рекордот му припаѓаше на легендарниот центар Карим Абдул-Џабар со 69 поени.

Инаку, Далас го доби натпреварот со 127:114 и изедначи на 1-1 во серијата.

Резултати на другите три синоќешни средби: Торонто – Бруклин 104:99 Денвер – Јута 105:124 Бостон – Филаделфија 128:101.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2020 11:30