Тренерот на Портланд, Тери Сотс потврди дека нивниот најдобар кошаркар, Демијан Лилард ќе може да игра на трет натпревар во плеј-офот со Лејкерс.
Лилард го напушти теренот во третата четвртина од вториот меч во серија (88:111) со повреда на левиот показалец.
По медицинскиот преглед и извршената снимка, не е дијагностицирана фрактура на прстот, по што Лилард доби дозвола за настап од клупските лекари.
Третиот натпревар од серијата на Лејкерс и Портланд е закажан за 23 август.