Предводникот на Торонто репторс, Ник Нерс е прогласен за тренер на годината во НБА за сезоната 2019/20.
Клубот од Каната предводен од Нерс заврши на второто место во лигата со 53 победи на 72 натпревари и клупски рекорд со 73,6 проценти успешност.
По продолжувањето на регуларната сезона прекината поради пандемијата на коронавирус во март, Репторс победија седум од осум одиграни натпревари.
Во плејофот Торонто води против Бруклин со 3:0 и е на една победа од пласман во конференциското полуфинале.