Крилниот напаѓач на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо го сподели своето мислење по мечот бр. 3 помеѓу „елените“ и Орландо Меџик.
Актуелниот МВП на НБА помогна во успехот на Бакс со 121-107, откако реализираше 35 поен, 11 скокови и 7 асистенции, а по натпреварот изјави дека тој и неговите соиграчи сега можат да ги предвидат потезите на нивните противници.
– Играме со нив по трет пат во низа и сега можеме да предвидиме од каде ќе потекнуваат нивните шутеви. Знаеме како ќе играат во одбрана, што да правиме ние во рекетот. Не можам да кажам дека е поудобно за нас, но сега навистина ја сфативме нивната игра. Ние веруваме во нас и во нашиот тим, но на крајот сè уште не сме шампиони. Одлучивме да играме како аутсајдери од мечот бр.2 и ќе продолжиме да го правиме тоа, изјави Гркот.