Твитер го сокри и обележа твитот на американскиот претседател Доналд Трамп за гласање по пошта заради кршење на правилата на граѓански и изборен интегритет.

Социјалната мрежа објави дека твитот на Трамп „содржи манипулативни здравствени тврдења, што потенцијално би можело да ги одврати луѓето од излегување на гласање“.

Твитот на Трамп нема да биде отстранет, затоа што Твитер оцени дека е во јавен интерес да остане достапен на јавноста, но корисниците на таа социјална мрежа не ќе можат го лајкнат, да одговорат или да го препратат, пренесуваат британските медиуми.

Трамп во твитот го критикува гласањето по пошта и кажува дека кутиите поставени за гласање во пандемијата не се „дезинфицирани“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2020 16:52