Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го прифати предлогот за продолжување на разговорите за буџетот, со што спречи паѓање на владата.
Во телевизиското обраќање тој кажа дека сега не е време земјата да се втурне во несакни избори, пренесуваат американските медиуми.
-Сега е време за обединување, не за избори, рече Нетанјаху.
Тој и неговиот коалициски партнер, Бени Генц, до вечерва имаат рок да се договорат за буџетот. Во спротивно владата ќе падне, што автоматски ќе доведе до нови парламентарни избори, четврти за помалку од две години.
Нетанјаху во обраќањето кажа дека прифатил компромис што на двете страни ќе им овозможи да добијат дополнителни 100 дена за постигнување договор за буџетот, а во меѓувреме ќе има директно финансирање на одредени области од економијата и општеството.