Најуспешните екипи во регуларниот дел од НБА лигата во Источната и Западната конференција, Милвоки и Лос Анџелес лејкерс ги забележаа третите победи во првата рунда од плејофот.

Милвоки го совлада Орландо, додека Лејкерс беа поуспешни од Портланд и се на чекор до полуфиналето.

Конференциско полуфинале ноќеска обезбеди Мајами по метлата над Индијана.

Најнеизвесно е во пресметката меѓу Оклахома и Хјустон каде резултатот е 2-2 во серијата прв до четири победи.

Резултати: Орландо – Милвоки 106:121 (1-3 во победи) Оклахома – Хјустон 117:114 (2-2) Мајами – Индијана 99:87 (4-0) Портланд – ЛА лејкерс 115:135 (1-3).



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2020 20:29