Најмалку 90 луѓе загинаа и 1.000 куќи се уништени за време на тридневниот монсунски дожд во Пакистан, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби.

Пристанишниот град Карачи повторно беше зафатен од пороен дожд, а поради застарени канализации улиците и куќите се преплавени.

До крајот на оваа недела се очекува да врне во Карачи.

Претходно овој месец, премиерот Имран Кан испрати војници во пристанишниот град за да им помогне на локалните власти да испумпуваат вода од поплавените станбени области.

Секоја година, многу градови во Пакистан се справуваат со поплави предизвикани од силни дождови, а секоја година властите се критикувани за лошо планирање.

Сезоната на монсуните трае од јули до септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2020 21:24