Во Африка е искоренет дивиот тип на полио, а со тоа и на детска парализа, прогласи независното тело Африканска регионална комисија за сертифицирање.

Последната африканска земја која е прогласена за ослободена од диво полио е Нигерија, која опфаќаше повеќе од половина од сите глобални случаи пред помалку од десет години, јави Би-Би-Си.

Полио обично ги погодува децата под пет години, што понекогаш доведува до нивна парализа, а смртта може да настапи ако се зафатени мускулите за дишење.

Пред 25 години, илјадници деца во Африка беа парализирани поради овој вирус.

Болеста сега постои само во Авганистан и Пакистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 02:22