Американскиот заменик државен секратар Стивен Биган на средба синоќа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакнал дека Русија е соочена со сериозни санкции доколку се потврди верзијата дека опозицискиот активист Алексеј Навални е отруен, јави прес-службата на руското МНР.
– Претходно нарекувајќи го настанот „инцидент“, американската страна акцентираше дека во случај на потврда на верзијата за негово труење како опозиционер, Вашингтон ќе преземе мерки кои ќе ја засенат реакцијата на американското општество на руската вмешаност во претседателските избори 2016 година во САД, се вели во соопштението.
Од руското МНР истакнале на „недопустливо гласните обвиненија“ и подвлекле дека раководството на земјата е за најподробна и максимално објективна истрага за случајот.
Во очекување на официјална изјава на лекарите во Германија, каде Навални беше транспортиран на лекување, Берлин, Париз и Брисел остро реагираа, повикувајќи ја Москва да спроведе истрага „за можниот обид за убиство“ и да се казнат сторителите.
Во меѓувреме, набљудувачите сметаат дека случајот со Навални е закана за целосно губење на довербата на Запад кон Москва и причина за наметнување нови санкции кон Русија.