Најмалку пет лица се повредени во пожар во петкатна зграда во Москва предизвикан од експлозија на гас во стан.

Како што јави агенцијата ТАСС, спасени се 16 лица.

„Пожарот е изгаснат“, соопшти прес-службата на секторот на руското Министерство за вонредни ситуации во Москва.

Обвинителството потврди дека пожарот бил предизвикан од експлозија на гас што се случила рано утрово, а ги зафатил становите меѓу третиот и петтиот кат.

Во тек е истрага за причината за експлозијата и пожарот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 18:22