Русија се подготвува да издаде дозвола за втора вакцина против коронавирусоткон крајот на септември или почетокот на октомври, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

На состанокот на владата, Голикова му кажала на рускиот претседател Владимир Путин дека раните фази на клиничките испитувања на вакцината што ја развива Институтот за вирусологија „Вектор“ во Сибир ќе бидат завршени до крајот на септември.

Таа рече дека досега не се забележани компликации кај волонтерите кои ја примиле вакцината во првата и втората фаза на клиничките испитувања, пренесува „Гардијан“.

На почетокот од овој месец, Русија стана првата земја каде е одобрена вакцина против коронавирус, по помалку од два месеци клинички испитувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 23:13