Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска соопшти дека дополнителни припадници на Националната гарда ќе бидат распоредени во Кеноша, Висконсин за да ги гсмират немирите што избувнаа таму, откако полицијата во текот на викендот пукаше во грбот на невооружен Афроамериканец, кој најверојатно ќе остане парализиран од вратот надолу.

„Ние нема да поддржиме грабежи, пожари, насилство и беззаконие на американските улици. Мојот тим само што разговараше телефонски со гувернерот Тони Еверс, кој се согласи да прифати федерална помош”, напиша Трамп на Твитер.

Гувернерот на Висконсин Тони Еверс преку соопштение информираше дека овластил 500 припадници на Националната гарда на Висконсин да ги поддржат локалните сили за спроведување на законот во округот Кеноша, но не го потврди тврдењето на Трамп дека ќе бидат распоредени федерални сили, јави германската агенција ДПА.

Во Кеноша две лица се убиени на протестите кои избија откако во неделата беше застрелан Афроамериканецот Џејкоб Блејк.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 23:21