Кочанскиот второлигаш Осогово влегува во трката за Аргентинецот откако фудбалерот побара да си замине од Барселона. Од клубот велат дека можат да го изнајмат на еден месец, а за тоа подготвува компензација во кочански ориз кој со 200 шлепери е тргнат за Барселона.
Компензацијата е спремна! Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона! договорот е за 1 месец, твитнаа од клубот.