Еден од најбараните бегалци на списокот на американскиот ФБИ, Јасер Абдел Саид е уапсен, објави Си-Ен-Ен.

Тој беше ставен на списокот на ФБИ во декември 2014 година за убиството на неговите две ќерки – 18-годишната Амина и 17-годишната Сара, во 2008 година.

На новогодишната ноќ во 2008 година, Саид ги однел своите ќерки на возење со такси. Неколку часа подоцна, нивните тела со рани од куршуми се пронајдени во напуштено такси. Пред да почине, Сара успеала да упати краток повик за помош. Меѓутоа, додека полицијата го лоцирала таксито и пристигнала, двете сестри биле мртви, а Саид исчезнал со пиштолот и заштедата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2020 18:54