Двете најдобри екипи во Западната и Источната конференција од НБА лигата, ЛА лејкерс и Милвоки бакс се пласираа во второто коло од плејофот, откако ноќеска ги елиминираа своите ривали во првата рунда.

Резултати:

Милвоки – Орландо 118:104 (4-1 во серијата прв до четири победи)

Лос Анџелес лејкерс – Портланд 131:122 (4-1)

Хјустон – Оклахома 114:80 (3:2).

Во конференциското полуфинале Милвоки ќе се сретне со Мајами, додека ЛА лејкерс ќе го чека победникот од пресметката Хјустон – Оклахома.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2020 10:19