Министерството за финансии на Велика Британија разработува план за најголемо зголемување на данокот во последните неколку децении за да ги надомести загубите на буџетот поради националниот карантин наметнат за време на пандемијата на коронавирусот, објави „Сандеј телеграф“, според кој министерот за финансии Риши Сунак има намера да собере до 25 милијарди британски фунти годишно (33,3 милијарди долари).

Владини извори потврдиле за весникот дека претставници на Министерството за финансии разговараат за можноста за зголемување на основната даночна стапка на продажба на средства од 10 на 20 отсто и данокот на продажба на втор стан или куќа од 18 на 20 отсто. За побогатите граѓани кои плаќаат даноци со повисока стапка, износот на таксата може да се зголеми на 40 проценти (од сегашните 28 и 20 проценти).

Предлозите што се разгледуваат, исто така, вклучуваат намалување на пензиските бенефиции, воведување данок за продажба преку Интернет, зголемување на акцизите за гориво и други давачки.

Министерството за финансии на Велика Британија веќе објави планови за зголемување на данокот на добивка од 19 на 24 отсто, што ќе додаде дополнителни 12 милијарди фунти (16 милијарди долари) во буџетот за следната година и 17 милијарди фунти (22,7 милијарди долари). во 2023-2024 година.

Зголемените стапки предизвикаа негативни реакции од деловните субјекти, кои веќе претрпеа значителни загуби за време на пандемијата, а опстанокот на многу компании е загрозен.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2020 00:15