Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци.

Забраната, која денеска беше објавена во Службен весник на таа земја, ќе стапи во сила утре, а беше најавена минатиот петок.

Исклучоци се однесуваат на владини функционери кои организираат официјални настани, приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно учат, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој, кој ќе добие дозвола да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделен карантин и да има два негативни теста на коронавирус.

Двонеделен карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат во земјата од странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2020 13:50