Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо, постави анти-рекорд на првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција против Мајами (104:115).

Најдобриот играч на НБА-лигата за сезоната 2018/19, реализира само четири од 12 слободни фрлања, што е негов најлош рекорд во плејофот. На крајот од мечот, Адетокунбо стигна до 18 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Вториот натпревар од серијата Милвоки – Мајами ќе се одржи на 3 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 13:39