Кошаркарот на Оклахома, Крис Пол, комплетираше трипл-дабл во седмиот натпревар од првото коло во плејофот на НБА-лигата против Хјустон (102:104).
Пол натпреварот го заврши со 19 поени, 11 скока и 12 асистенции. Американецот со 35 години и 119 дена стана најстариот играч во историјата на лигата кој успеа да направи трипл-дабл во мајсторката.
Претходно, рекордот го држеше напаѓачот на Лејкерс, Леброн Џејмс со 31 година и 172 дена.