Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го дозна својот противник за полуфиналето на Западната конференција. Лејкерси ќе се соочат со опасната петорка на Хјустон Рокетс, а лидерот на тимот од Калифорнија, Леброн Џејмс призна дека неговиот тим треба да посвети посебно внимание на своите постапки во одбраната против sвездите на „ракетите“ – Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

– Во првото коло се соочивме со двоглавото чудовиште на Портланд во лицето на Си Џеј и Лилард, а сега пред нас е уште еден – Вестбрук и Харден. Брзината и атлетичноста на Рас се меѓу најдобрите во Лигата, ако не и најдобри. Џејмс има квалитет да реализира тројки без проблем, и тој исто така може лесно да ги пронајде своите соиграчи. Тој е во можност да ни даде 60 поени, ако му тргне. Треба да бидеме многу внимателни со него, бидејќи има скоро совршен шут од слободни. Нивниот тим е добро избалансиран, изјави Џејмс за Рокетс во видео интервју за „Спектрум Спортс Нет“.

Леброн го пофали и својот соиграч Ентони Дејвис.

– Досега тој одигра само 13 натпревари во својата кариера во плејофот. Не знам точно колку сум учествувал јас, но сигурно е многу повеќе од 13. Сепак, тој покажува дека може да стори апсолутно се како во нападот, така и во одбрана на теренот. Тој нема слабости во својата игра. Тоа е луксуз не само за мене, туку и за тимот како целина. Имаме среќа што имаме таков талентиран играч. И тој има само 27 години, тој е неверојатен, рече Брон на Еј Ди.

Натпреварот бр.1 помеѓу Л.А. Лејкерс и Хјустон Рокетс е во сабота наутро во 03:00 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 21:16