Легендата на Лос Анџелес лејкерс Меџик Џонсон, изјави дека ривалството во плејофот 2019/20 е највозбудливото во последните 10-15 години.
-Годинашните плејоф-натпревари се најдобрите што сум ги видел во последните 10-15 години. Се чувствува како секој натпревар да се сведува на последните секунди, порача Џонсон на Твитер.
За вечер се закажани две средби во второто коло од плејофот:
Мајами – Милвоки (2-0 во серијата прв до четири победи) и
Лејкерс – Хјустон (0-0).