Тимот на Денвер Нагетс забележа победа над Лос Анџелес Клиперс во натпреварот бр.2 од полуфиналето на Западот. „Грутките“ го добија мечот со 110:101 (44:25, 28:31, 17:21, 21:24), откако одиграа одлична прва четвртина, по која обезбедија водство од 19 поени, што се покажа како недостижно за Клиперс.

Sвездите на Денвер, Никола Јокиќ и Џамал Мареј комбинираа 53 поени, а покрај тоа, уште четворица играчи од ротацијата на главниот тренер Мајк Мелоун успеаја да реализираар двоцифрен број поени. Мареј постигна 27 поени и 6 асистенции, „Џокерот“ се истакна со „дабл-дабл“ од 26 поени и 18 скока, Гери Харис и Пол Милсап додадоа по 13 поени, Мајкл Портер Џуниор постигна 11 поени за 16 минути од клупата, а Монте Морис постигна 10 поени.

Во другиот дуел за вечерта, Торонто Репторс израмни во полуфиналето со Бостон Селтикс. Канаѓаните ги совладаа „келтите“ со 100:93 (31:27, 18:22, 32:24, 19:20) во мечот бр.4 и се вратија во игра, откако заостануваа со 0-2 во победи.

Потсетуваме, во третиот натпревар од серијата Бостон беше на половина секунда од водството од 0-3, но тројката на Оу Џи Ануноби со сирената може да стане решавачка за конечниот исход од битката меѓу двата тима.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2020 12:46