Раководството на НБА лигата и сојузот на играчи разговараа и се согласија да ги одложат драфтот, отворањето на пазарот за слободни агенти и почетокот на сезоната 20/21 за подоцнежен датум, објави инсајдерот Шамс Чаранија на Твитер.
Драфтот за НБА во 2020 година беше закажан за 16 октомври. Пазарот на слободни агенти требаше да се отвори на 18 октомври. Следната сезона требаше да започне на 1 декември.
Новите датуми ќе бидат поставени подоцна.