Играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали беше на медицински прегледи во Милано и се очекува вечерва да го потпише петгодишниот договор со неговиот нов клуб. По тестовите, тој се врати во својот хотел, а подоцна денес ќе пристигне во „Каза Милан“ за да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“.
– Многу сум среќен, поздрав до сите навивачи, рече Тонали пред новинарите и приврзаниците кои го чекаа пред медицинскиот центар.
Неговиот трансфер се очекува официјално да биде објавен во доцните часови на денот или утре.