Манчестер јунајтед загуби попладнево загуби од Брајтон со 1:3 во домашен натпревар од 22. коло на англискиот фудбалски шампионат.

„Црвените ѓаволи“ го претрпеа четвртиот пораз во последните шест натпревари во Премиер лигата и уште еднаш ги разочараа своите навивачи.

За Манчестер јунајтед ова беше 10-ти пораз сезонава по 22 одиграни натпревари.

Тимот од „Олд Трафорд“ го одигра 15. натпревар под водство на тренерот Рубен Аморим и го забележа седмиот пораз.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 13. место на табелата со 26 бодови, додека Брајтон е деветти со 34 бодови.

Јунајтед ќе се соочи со Ренџерс во Лига Европа на 23 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2025 04:16