Рубен Аморим признава дека го предводи најлошиот состав во историјата на Манчестер јунајтед.

- Треба да го сфатиме ова и да ја промениме ситуацијата. Замислете какво е чувството за мене и за навивачите. Доаѓа нов тренер и губи повеќе од претходниот. Победивме два од десет натпревари во Премиер лигата, знам. Замислете како им е на навивачите, како ми е мене. Треба да го пребродиме овој период. Јас го знам тоа. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер јунајтед. Знам дека сакате бомбастични наслови, но го велам ова затоа што треба да го препознаеме ова и да го промениме. Значи, еве го насловот за вас, изјави Аморим за британските медиуми.

Со 26 бодови по 22 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед се наоѓа на 13. место на првенствената табела



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2025 05:22