Поранешниот играч за врска на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, може да ја продолжи кариерата во италијанскиот шампионат, каде сè уште не настапил, објави „Секоло XIX“.

Агентот на 37-годишниот ветеран ја контактирал Специја и ги понудил услугите на екс-репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска на дебитантот во Калчото.

Последен пат тој играше за Кингдао Хуангхај, а летото тренираше со англискиот Лејтон Ориент.

Играчот за врска трипати ја освојуваше Премиер лигата за време на неговиот осумгодишен престој во Манчестер Сити.

Туре има 102 натпревари за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2020 22:11