Лидерот на Хјустон, Џејмс Харден мораше да се потпира на пенал-линијата за да се обиде да го подобри својот учинок во поразот во натпреварот бр.4 од ЛА Лејкерс.
„Брадата“ имаше само 2/11 од шут од поле, но реализираше 16 од своите 20 шанси од фаул и заврши со 21 поен.
Sвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс се восхитуваше на „лукавата“ игра на Харден на прес-конференцијата по натпреварот.
– Џејмс е веројатно еден од најдобрите офанзивни играчи што некогаш сум ги видел. Тој успеа да освои 20 шанси од линијата за слободни, иако нашата стратегија не е да ги оставиме да стигнат таму. Тој игра паметно и успеа да си освои 20 шанси од линијата Се обидуваме да отстраниме што можеме од неговата игра затоа што знаеме дека може да реализира … Тој приоѓа со итрина кон кошот и на тој начин успева да освои прекршоци. Не можеме да го чуваме целосно, бидејќи е премногу добар, рече Леброн.