Досегашниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ, кој играше во Милан на позајмица, потпиша целосен договор со италијанскиот клуб.

Договорот важи до летото 2025 година, објавено е на веб-страницата на „росо-нерите“.

Според италијанските медиуми, зделката вреди 30 милиони евра.

Минатата сезона 26-годишниот Хрват одигра 30 натпревари во Серија А и постигна 12 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2020 23:44