Напаѓачот Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч на тимот за сезоната 2019/20 од страна на навивачите на Баерн.

Триесет и двегодишниот Полјак минатата сезона постигна 55 голови и 10 асистенции на 47 настапи за тимот од Минхен.

Левандовски беше најдобар стрелец во германската Бундеслига, Купот на Германија и во Лигата на шампионите.

Токму Левандовски е еден од најзаслужните за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 16:02