Англиските медиуми беа доста критични по тешкиот пресврт преку кој Тотенхем го елиминираше освојувачот на Купот и Суперкупот на Бугарија – Локомотив во Пловдив во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Тимот од Лондон требаше да треперат до последната четвртина од мечот во Бугарија, кога добија пенал и останаа со две лица повеќе на теренот пред да остварат ваква вредна победа.

„Тотенхем преживеа кошмар. Беше на неколку минути од елиминацијата во второто квалификациско коло од Лигата на Европа“, пишува Би-Би-Си.

„На 19 минути пред крајот, Тотенхем веќе гледаше во бездната, пред Хари Кејн и Танги Ндомбеле да го спасат Жозе Мурињо да изгледа засрамен“, додаде „Дејли Мејл“,

Мирор додаде: „Тотенхем беше на работ на еден од најсрамните порази во нивната понова историја“, велат колегите од „Мирор“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 11:40