Кошаркарот на Бостон селтикс, Гордон Хејворд може да учествува во натпреварот број 3 од финалето на Источната конференција со Мајами (0:2), објавија медиумите во САД.

Се забележува дека на Хејворд му оди добро закрепнувањето и тој се надева дека ќе игра на следниот меч.

Триесетгодишниот кошаркар имаше повреден десниот скочен зглоб. Тој повреда ја доби на натпревар од првото коло во НБА плејофот во против Филаделфија (4:0).

Следниот меч меѓу Бостон и Мајами е ноќта сабота кон недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 22:53