Лос Анџелес Лејкерс беа успешни во првиот натпревар од финалето на Западната конференција откако го совладаа Денвер Нагетс со 126-114.

Нагетс, кои пристигнаа по вториот последователен пресврт од 1-3 и за нивното прво финале на конференцијата по 11 години, имаа водство единствено по крајот на првата четвртина, кога поведоа со 38:36. Оттогаш, на паркетот имаше само една екипа, а тоа беше тимот на „езерата“. Во еден момент, водството на Лејкерси достигна 27 поени.

Над сите за победниците беше Ентони Дејвис, кој заврши со „дабл-дабл“ – 37 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс додаде 15 поени, шест скока и 12 асистенции. Никола Јокиќ и Џамал Мареј постигнаа по 21 поен за тимот од Колорадо, но тие не беа доволни за пулените на Мајк Мелоун.

Натпреварот број 2 се игра во недела.

Во сабота спроти недела по македонско време се игра третиот натпревар од финалето на Истокот, каде Мајами Хит води против Бостон Селтикс со 2-0 во победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2020 13:14