Капитенот на Лион, Мемфис Депај побара и доби нов број во тимот и според приврзаниците, ова е доказ дека тој нема да замине.

Холанѓанецот го заменува бр.11 со „десетката“, кој досега ја носеше Бертран Траоре. Последниот штотуку се пресели во Астон Вила и Депај веднаш побара промена.

Напаѓачот го бараат Барселона и Милан, но според претседателот на клубот Жан-Мишел Ола никој не дал конкретна понуда.

Договорот на Мемфис истекува за 10 месеци и многу веројатно ќе биде продаден. Пазарот се затвора на 5 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2020 14:50