Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо го даде својот прв коментар откако му беше доделена наградата за најкорисен играч во НБА. 25-годишното крило го сподели своето мислење за НБА на „ТНТ“, нагласувајќи дека неговата главна цел е да стане шампион.

-Не ме нарекувајте МВП додека не станам шампион … Среќен сум со наградата, но сакам да постигнам многу повеќе од тоа. Очигледно, јас сум разочаран што не успеав да му помогнам на мојот тим да се пласира во следната рунда од плејофот, но на крајот сфаќам дека јас и мојот тим треба да се подобриме, изјави грчкиот репрезентативец.

Јанис освои 85 од 101 глас на новинарите, победувајќи ја sвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс со 962 наспроти 753 поени во генералниот пласман.

– Ништо не може да ми ја одземе оваа статуетка. Работев многу напорно, ми помогнаа и соиграчите. Но, кога ќе ја завршам кариерата, сакам да станам шампион. Сакам да бидам горд на она што го постигнав, додаде Адетокумбо.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2020 15:07