Лестер официјално го објави привлекувањето на Џенгиз Ундер од составот на Рома. Зделката е во форма на едногодишен закуп со можност за траен трансфер.

Дваесет и три-годишното крило ги мина последните три сезони на „Олимпико“ по неговиот трансфер од Истанбул Башакшехир, откако запиша 88 натпревари и 17 погодоци за „џалоросите“. За репрезентацијата на Турција има 21 натпревар со 6 погодоци.

– Едвај чекам да одам во Лестер и да започнам со тренинзи. Отсекогаш сум сакал да играм во Англија и тоа е одлична можност да се натпреварувам во Премиер лигата. Ќе се обидам да им помогнам на моите соиграчи на теренот и надвор од него, верувајќи дека можам да ги подобрувам моите перформанси секој ден. Мислам дека сум брз и можам да создадам многу ситуации за моите колеги. Се чувствувам прилично добро затоа што мојот најдобар пријател исто игра за Лестер. Многу сум среќен што можам да играм со Чалар Сојунџу и секогаш ги гледав натпреварите на тимот поради него, изјави Ундер за веб-страницата на клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2020 15:12