Францускиот шампион Пари Сен Жермен започна разговори за играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, според „Телеграф“.

Жозе Мурињо го замени англискиот репрезентативец на паузата од мечот со Евертон, а потоа го остави надвор од тимот за средбите со Локомотив (Пловдив) и денешниот натпревар со Саутемптон.

Во меѓувреме, Тотенхем го понуди Али во зделката за Герет Бејл и Серхио Регилон. Сепак, Реал Мадрид не сакаше да го земе играчот за врска.

Пред денешниот натпревар, Мурињо даде интересно објаснување за фактот дека Али не е во групата.

– Имаме доста голем состав. Имаме премногу играчи на некои позиции и некои од нив ја плаќаат цената за тоа, рече Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2020 15:53